ДНО- Директорката на Детската клиника му се заканувала на Пехчевски: “Ако уште еднаш дојдат новинари за тебе ќе нема место во болницата”
Пациентот Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза и чека терапија со скоро набавениот лек Трикафта, на Фејсбук обвинува за селективен однос кон него затоа што се бори за правда за болните од цистична фиброза.
-Ова ми се прави мене лично дека го барам лекот ТРИКАФТА ЗА СИТЕ.
Кој тука изгрува ГОСПОД ЗА КОЈ ЌЕ ЖИВЕЕ А КОЈ НЕ.
Демант:
Почитувани
Моето лекување почна 04.04.2023 и задолжително е да трае до 17.04.2023 година.
Се ускратуваат цели 2 дена од примањето на венската терапија.
Периодот за хосшитализација секогаш ни е предвидена 14 денови на секои 3 месеци.
Незнам зошто некој мене би ме испишал пред време???
Во прилог отпусната листа:
Пехчевски раскажува дека директорката на Детската клиника, Стојка Нацева Фуштиќ, му се зкаанила дека веќе нема да го примат во болница доколку уште еднаш дојдат новинари во болницата.
-Д-р Stojka Fustik со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување.
Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г.
А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год.
Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност.
Дно дна – пишува Пехчевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Сочувство до семејството на Благојче, државата…
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски, велат дека…