Објавено на:

Доаѓа „Зевс“ – „Европа ја очекуваат надреални температури“

t

Во Европа пристигнува антициклонот „Зевс“, чие влијание најпрво ќе биде најизразено на југозапад, а потоа ќе се прошири и низ западна, централна и северна Европа.

„Зевс“ ќе ги рашири своите пипци од срцето на Африка низ речиси цела Европа.

Иако температурните отстапувања „по висина“ во споменатите делови на Стариот континент ќе бидат доста високи, поради влијанието на овој силен антициклон, маглата и ниската облачност ќе бидат честа појава во континенталниот дел на Европа.

Трендовите на синоптичките карти „се потпираат“ на долгорочната прогноза, договорени се сите прогностички модели – зимата речиси сигурно нема да биде до крајот на јануари, а многу веројатно ниту во првите денови на февруари, бидејќи „Зевс ќе се закотви над Европа и „тврдоглаво“ ќе ја држи студената воздушна маса подалеку од нашиот простор.

Краткорочно, во првата половина од следната недела треба да сметаме на продолжување на мини-пролетното време, но со неколку степени повисока максимална температура на воздухот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Сончево и топло со мала до умерена…

СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…

Во Скопје, сончево со мала до умерена…

Метео: Минусни утрински температури

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Сончево но студено време, максималната температура ќе…

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…