Добра вест: И Русија започува со производство за сопствен лек против Ковид-19
Министерството за здравство на Русија издаде одобрение до Федералната медицинска и биолошка агенција (ФМБА) за спроведување на третата фаза на тестирање на лек против коронавирусот „Мир-19“, според регистарот на лиценци за клинички испитувања.
Како што беше прецизирано, тестовите ќе се вршат во 11 медицински установи, а на нив ќе учествуваат 1.274 пациенти.
На 22 декември руското Министерство за здравство го регистрираше „Мир-19“, а лекот го разви Руската Федерална медицинска и биолошка агенција.
Наменет е за превенција и третман на коронавирус со инхалација или интраназална администрација.
Лекот го спречува размножувањето на вирусот и ги спречува најтешките форми на болеста, како што се пневмонија или синдром на акутен респираторен дистрес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…