Објавено на:

Добра вест од Халкидики: Еден македонски државјанин е спасен, по двајца се трага

t

Државјанин на Македонија е спасен, а по две лица се трага во Посиди на првиот крак на Халкидики, откако тројцата влегле во морето, но веројатно биле повлечени од струите и брановите, поради лошото време, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина потврдуваат дека спасениот е од Македонија, станува збор за 25-годишно момче и е во добра здравствена состојба, додека пак спасувачката акција што е во тек за пронаоѓање на двајцата исчезнати, чиј идентитет и националност не се познати, е во услови со силен ветер од пет до шест бофор.

Во спасувачка акција на плажата Мити во Посиди според локалните медиуми учествуваат брод на крајбрежната служба, еден рибарски чамец и хеликоптер на военото воздухопловство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…

Трагедија на Халкидики, во базен се удави…

Осумгодишно девојче е пронајдено мртво во базен…

Трагедија на Халкидики: 8-годишно дете пронајдено без…

Осумгодишно дете е пронајдено мртво во базен…

ТРАГЕДИЈА НА ХАЛКИДИКИ: Татко се удавил додека…

Трагедија се случила во близина на плажата…

Торнадо во Халикидики, четири лица се повредени

Четири лица се повредени во невреме на…