Објавено на:

Добра вест: Паѓаат цените на зеленчукот на пазарите

t

Домашното производство ги намали цените на заленчукот на Градските пазари. На штипскиот Градски пазар денеска земјоделците своите производи ги продаваат по пониска цена, во спореба од минатиот петок. Раководителот на Градскиот пазар-Штип, Димче Колев, вели дека краставицата се продава од 30 до 50 денари, доматот е со различна цена во зависност дали е увозен или пак домашно производство, оние од увоз се по цена од 80 денари.

Како што вели Колев тие се со пониска цена, бидејќи станува збор за втора класа, додека домашното производство на домат е далеку поквалитетно и цената е од 120 до 140 денари. Тој забележува дека на пазарите се појави и благата пиперка, која може да се купи од 120 до 140 денари за килограм.

Прашан дали цените на зелечукот и наредниот период ќе бележат пад, Колев со одговор дека пазарот не може да се предвиди, варира, во зависност од понудата и побарувачката и дали македонскиот зеленчук ќе се извезува на некои од странските пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…