Добра вест: По критичната вечер Кико е во стабилна состојба
Јутјуберот Стефан Лазаров сподели добра вест, по вчерашната критична состојба во која се наоѓаше Кико тој денеска е добар и е во стабилна состојба.
-Здраво на сите.. Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба. Како што бевме сите сплотени околу финансискиот дел сега е битно да се молиме сите заедно и надеваме дека ќе биде се како што треба. Разговарав со семејството и сите сме свесни дека во моментов е потребен мир и верба за Кико да продолжи да се бори. Постојано добивам пораки како е Кико и тоа ме радува, но во моментов мораме да почекаме и да имаме разбирање за неговата ситуација која се менува на секој час. Кико е борец и знам дека ќе биде се како што треба, напиша на својот Фејсбук профил јутуберот Стефан Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…
Доктор Лазаров: Никој не го уби Кико,…
Доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил…
Меџити: До Министерството и Фондот за здравство…
Министерот за здравство, Фатмир Меџити соопшти дека…
Добра вест: По критичната вечер Кико е…
Јутјуберот Стефан Лазаров сподели добра вест, по…