Објавено на:

Добре Митрев: Гордо се сликав со бугарските власти на отварањето на клубот “Ванчо Михајлов”

t

Претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство, Добре Митрев вели дека се чувствува гордо што присуствувал и се сликал со бугарските власти на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

-Ванчо Михајлов не ги навредувал Македонците. Тој прв во историјата го поставува прашањето за независна македонска држава. Јас не знам за навредливи видеа од него, јас сум гледал некакви интервјуа, но само знам дека Ванчо Михајлов е иконата на ВМРО, за разлика од неговите претходници кои зборуваат за автономна Македонија, вели Митрев во емисијата „Само вистина“.

Според него, навреди има од двете страни на границата.

-Јас не сум му адвокат на Радев за неговите зборови. Кога одиме на тие средби во Софија, посочуваме секогаш за правата на Бугарите во Македонија и ние треба да учествуваме во преговорите за нашите права кои сакаме да ги оствариме тука, појаснува Митрев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезнат е Добре, да помогнеме да се…

Добре Лазевски, утрината во 8 часот излегол…