Објавено на:

Добри вести од Лајчак: Постигнат договор за почеток на деескалација во Косово

t

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека во Братислава разговарал со вицепермиерот на Приштина, Бесник Бисљими, за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.


Лајчак на Твитер напиша дека имал интензивни разговори со Бисљими во согласност со изјавата на ЕУ од 3 јуни, како и со начинот на кој ќе напредува имплементацијата на сите досега постигнати договори во дијалогот меѓу Белград и Приштина.


Лајчак истакна дека во разговорот е постигнат договор за преземање на првите чекори кон таа цел.
Бисљими најави дека се согласил со Лајчак дека е неопходно да се преземат чекори за деескалација на Косово и Метохија.


„Се договоривме за неопходните чекори за да обезбедиме ефективна и законски пропишана деескалација, фокусирајќи се на нормализација и спроведување на владеењето на правото“, напиша Бисљими на Твитер.
Тој додаде дека со Лајчак разговарал и за следните чекори „кон целосно и правично спроведување на Основниот договор и неговиот анекс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…