Добро утро со Инфомакс: Ако беше убава смртта и Господ ќе умреше

t

Денеска во рубруката “Добро утро со Инфомакс” издвојуваме неколку моменти од романот “Пиреј” на ненадминатиот македонски писател и поет, Петре Мито Андреевски.

Добро утро Македонци, во продолжение дел од “Пиреј”:

“Многу луѓе загинаа, а не знам зошто загинаа. Ама времето е такво. Секој си вели: оти јас да умрам, нека умре оној што сака јас да умрам. Ако беше убава смртта и Господ ќе умреше. Или и тој умира со луѓето, со секој човек?”

„Човекот со плач иди на светов и со плач си оди од светов.”

„Богат не е тој што има пари, вели, туку тој што нема сиромашна душа.”

„Брза е младоста, човече, ко вода истекнува.”

„Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек.”

„Само на човек роден во пролет, вели Велика, дрвцата му се фаќаат како пиреј. Ниедно не го прескокнува.”

„Помошта на луѓето ти дава надеж и крилца.“

„Сè се прави и сè се поправа дури си млад, вели, а после само ги жеволкаш годините.”

„За држава треба цар, даскали, доктори, писари, вели војводата, а ти имаш само болви и болвосерки. Македонија е само едно големо буниште, вели.”

„Ум недоветлив, човечки.”

„Животот е една една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот гаѕер. Кај што ќе заврши и нашето тркалање. Нашето постојано паѓање.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: Ако беше убава…

Денеска во рубруката "Добро утро со Инфомакс"…

Добро утро со Инфомакс: Јас мислев во…

„Пиреј“ несомнено, за многумина, е најголемиот македонски…