Добро утро со Инфомакс: Бајрактарот падна, бајраците стојат

Денеска во рубриката Добро утро со Инфомакс издвојуваме една песна посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев од стихозбирката „Дални наковални” (1971) на Петре М. Андреевски.
На Делчев
Ко да беше лани, вчера или сношти;
бајрактарот падна, бајраците стојат;
три подземја сега ги поштат твоите моштии
Го изоде беспатјето што вечен пат ни беше,
без рода над своите растурени рании веќе нема место кај ќе бидеш грешен
среде ноќта ноќна со ноќ што ја браниш.
Но дур ѕемнеш под житата со сетните гајдина
поплак ти идат запалени села:
изврени од денот во тебе што зајде
тесен им е светот во мртвите тела.
Бар кажи им како на земјата ѝ се двориши на колку страни одеднаш си свртен:
кој гром ги отвора твоите горни гории
каква е слободата потаму од смртта?
Зашто в солзи нивни криеш пресни роси
за пламенот сега ладно што те гушка,
Вечерница им вечера со коњот што го носи
сиот празен простор зад твојата пушка.
Ко да беше лани, вчера или сноштибајрактарот падна, бајраците стојат;
три подземја сега ги поштат твоите моштии
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…