Добро утро со Инфомакс: Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера и Швајцарија би позавидела на нејзината красота

Вчера се навршија 102 години од смртта на македонскиот револуционер Ѓорче Петров, македонски идеолог, професор и публицист.
Во чест на Ѓорче Петров денеска ви издвојуваме една од неговите мисли во кои со најраскошни зборови ја претставува нашата татковина, Македонија.
Добро утро Македонци, еве како Ѓорче Петров милуваше да зборува за Македонија:
Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња претставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина. —Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Мега скандал, екипата на Инфомакс следена во…
Екипата на Инфомакс која ја следеше трагедијата…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…