Добро утро со Инфомакс: Да бев сонце без зајднина вечно да грее над твојата стројна снага целовита Македонијо!

t

Помалку познат поет во македонската јавност е Петко Шипинкаровски.

Шипинкаровски (1946) е писател и поет, писател, драматург, есеист и книжевен критичар, е роден во селото Будимирци, Битолско. Основно образование завршил во во Будимирци  и Старавина, а со средно образование стекнал во Битола. Дипломирал на Факултетот за безбедност при Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје.

И Шипинкаровски е меѓу поетите кои црпат инспирација од татковината, од неизмерната љубов кон Македонија.

Добро утро Македонци, ужувајте во “Да бев”:

ДА БЕВ

“Да бев камен грб на шеснаесеткрако сонце

развеано платно

во твоите раце Македонијо!

Да бев песна в срце што пее од чедо вечно

погубено

на твоите плеќи в гора Македонијо!

Да бев птица будилка в лет од в зори да сенам

по твоите полиња и пространи планини

Македонијо!

Да бев гулаб гласник што спојува дворови

да расчистам дири од твоите трња плотови

Македонијо!

Да бев сонце без зајднина вечно да грее

над твојата стројна снага целовито

Македонијо!

Да бев …”

Повеќе податоци за авторот:

Шипинкаровски добил многу награди во Македонија и странство.

Наградата „Струшко изгрејсонце“ за романот „Златни обетки за Марија“, 2011, наградата „Прозни мајстори“ за романот Децата на Марија“, 2013, награда за животно дело на Културно научната манифестација „Пелагонски средби“-Новаци, 2014 и наградата „Ѓорѓи Котески“, 2015 на КНМ „Пелагонски средби“-Новаци, наградата Книжевно перо“ за најдобар превод на хрватски автор за 2014 на Хрватското книжевно друштво-Риека и меѓународната награда „Книжевно перо“ на ХКД Риека – 2016,  наградата „Донат“, 2015 и наградата Горан Бујиќ (2016) на ХКД-Задар, Хрватска, награда од прв степен и Јубилејна грамота на Меѓународниот славјански конкурс за поезија и преводи на „Стихи“ ру – Москва(2017), наградата  “Орфеј” на издавачката куќа “Феникс” од Скопје(2018),на меѓународната награда “Aplon” за 2018 година, која ја доделува градот Сремска Митровица и бројни награди во Македонија и во странство. и многубројни признанија од Македонија и странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…