Добро утро со Инфомакс: Да не чекаме помош од Бугарија, чија влада има чисто завојувачки намери кон Македонија
Македонскиот револуционер Гоце Делчев, срцето на Македонската револуционерна организација, можеби во јавноста веќе не е толку актуелна тема, меѓутоа е корисно да се потсетуваме на неговите зборови.
Во изданието „Гоце Делчев“ од Христо Андонов-Полјански, Истарска наклада, објавено во Пула, 1985 година има наведено цитати од македонскиот револуционер каде Делчев зборува за конфронтациите со бугарските власти.
Добро утро Македонци, во продолжение обраќањето на Делчев до Иван Анастасов-Грчето, 1900 година:
„Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме однатре – во душата секој селанец да се проникне под таа идеја, сè да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашата работа.”
„Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа „помош“ создадената состојба на работите внатре; таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии… Повторувам, ударот ќе биде страшен!“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…