Добро утро со Инфомакс: До кога ли вака шепот без екот? Па доста сме браќа робја на векот
Коле Неделковски е истакнат македонски поет и револуционер. Неговата поезија е пред се’ социјална, повикува на ослободување на работничката класа.
Во продолжение “Работник” од Коле Неделковски:
По земници влажни
нокеви тежат,
а векови тажни
на срце лежат.
А брзам сабајле
и полн со гајле
у мугра да станам
лимнја да фанам.
Се работа сакам,
по клубови акам,
а никој ме неќе, —
ех, стар сум веке.
Се така се макнам
парталаф — кален,
се така го тегнам
животоф жален.
а младос црнина
по скелинја мина,
се малтер си носеф
без стра се јазеф.
А сега ме свило —
злото ме пие
и драго и мило
без ден ке згние.
До кога ли вака
шепот без екот?
Па доста сме браќа
робја на векот.
Од матен ни поглед
да молсне веда,
да стокмиме довлет
за наште чеда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Робот здроби работник во фабрика во Јужна…
Робот во Јужна Кореја згмечил човек до…
Добро утро со Инфомакс: До кога ли…
Коле Неделковски е истакнат македонски поет и…
Завршил со тешки повpeди: 32 годишен работник…
На 25.12.2021 во 13,45 часот било пријавено…