Добро утро со Инфомакс: “Еве ја таа проста земја што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски, а никој не ја знае”

t

Македонецот со векови се борел за слобода и независност не само со пушка, туку и со перо.

Вековните премрежја на македонскиот народ се опеани во многу стари, народни, песни, но биле инспирација и за првите современи поети.

Во плејадата македонски поети посебно место издвојуваме за Анте Поповски.

Добро утро Македонци, бидете горди на тоа што сте и ужувајте во “Македонија”:

1.

Стиснете ги тревките

неа ќe ја исцедите.

Наслоните се врз каменот

името ќe ѝ го чуете.

Симнете се во рекине

дното со неа ќe ве почести.

Легните да починете

и ноќта со неа ќe ве покрие.

2.

На овој даб името ќe ти го напишам

дождовите да го симнат

жедните в земја

да ги напоиш.

На оваа нива грутка од тебе ќe посеам

класатка да никне

со неа внучињата да ни ги храниш.

На овој рид ќe те оставам

и кога ќe заминам

пак да те гледам

Голема.

3.

Еве ја таа проста земја

од дволичен камен

и сонце

Децата уште незаодени каде откопуваат

лобањи по градините

Еве ја таа проста земја

од пајажина

и од води

Мудро слободата кај што ги запишува

селските имиња

Место икони по црквите

И каде летото како судбина

Трае до последниот востанат

Еве ја таа проста земја

од заморено дишење

и од молк

Низ која времето одминува

и пак се враќа

Со неа да го сподели лажното траење.

О, еве ја таа проста земја

од грч

и од чекање

Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски

А никој не ја знае.

4.

Се искачија маглишта по ридон нагоре

И месечината ќе ја украдат.

Долу по рекана,

Горе по добравана,

Одѕива полено којзнае кој век

Во војнички цокули обуено.

5.

За рик волчји и уплав на небињата мојата земја е создадена

Без чемреси и без божилак

До капка, три дена пред да се покаже над мојата земја

Гробишта облакот го исцицуваат

И црна сенка од нож место крст каменот што те покрива го сени

За вечни времиња.

Зашто ништо друго не му прилега на ова диво билје и црногорица

Освен да го чека недојденото.

6.

Се изнагледав месечина. Како капка мојата изгорена душа

Те испи за три животи напред и пак горам.

Истеков со сите реки и празни корита им донесов на морињата

– И за шпионот во твои меса ако се криел болка ме пече

Зашто, ти од малена не научи

Така просто, така јасно да си се разбираме

Тој нож што нема – среќа нема.

7.

3а неколку нови чекори недостижност

ме остави утринава зад тебе.

Чинам се делиме:

Твојот пат нагоре

мојот пат кон тебе води.

Стапни ме, во твоите корени скри ме

никојпат да не се разделиме.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…