Добро утро со Инфомакс: За среќа, има македонска национална култура и историја, тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права
На денешен ден, 18 ноември во 1874 во Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков.
Мисирков е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.
Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на книжевни дела и собирање на народни творби.
Добро утро Македонци, во чест на Мисирков пренесуваме неколку негови цитати:
“Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.”
“Како Македонец јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично” – Крсте Петков Мисирков, “Самоопределувањето на Македонците”, 1925
“Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште” – Крсте Петков Мисирков “Самоопределувањето на Македонците”, објавен во весникот “Мир” на 25 март 1925 год
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…
Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…
Бориславова: Петков наскоро нема да го посети…
Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да…
(Видео)Средба Ковачевски-Петков во “искрена и отворена” атмосфера
"Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков…
(Видео) Идентитетот бетон: Му се лизна „Македонка“…
Во интервју за Сител бугарскиот премиер Кирил…