Добро утро со Инфомакс: Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите

Го потсетуваме македонскиот народ на неговите херои со пренесување на нивните мисли, зборови и дела. Денеска издвојуваме мисли од македонскиот револуционер, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волја на револуционерна Македонија.
Добро утро Македонци, во продолжение мисли на Даме Груев:
“Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја… Тука има место само за една организација, а тоа е народната, македонската” – Даме Груев, Блеквудс магазин.
“Вие никогаш нема да не убедите дека ако се покориме и ако го предадеме оружјето,ќе имаме гаранција за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов наредба по цела Македонија воопшто да не ве слушаат и да не ви веруваат и кој што ќе ве послуша, ќе плати со својот живот. Впрочем, вие сте должни да водите со нас правилна војна, зашто во спротивен случај ние ке ги опожариме сите турски села и ќе ги истребиме нивните жители. Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над бојадисана во крв Македонија ке засвети сонцето на слободата. Ако Бурите го зачудија светот со својата борба против Англија, ние уште повеке ќе го зачудиме” – Даме Груев, од писмото до Хилми – паша за причините за кревање на илинденското востание.
“…Тогаш јас со уште неколку Македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери бидејќи силно се грижеа да ни ја внушат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик, кое уште повеќе не раздразнуваше…Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија, оти ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград, г. Минчович, дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците…” – Даме Груев, Спомени – Коресподенција.
“Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај” – Даме Груев, Интервју за англиски новинар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…