Добро утро со Инфомакс: Кажете му на тој чудесен јунак дека сакам да го видам и да му се поклонам – Ние сите, од царот до последниот заптија одамна сме заморени, само тој не се уморува

t

Денеска потсетуваме на неколку мисли од македонскиот револуционер Гоце Делчев, но и мислењето на останати револуционери за ликот и делото на Делчев.

Добро утро Македонци, во продолжение нешто од Гоце и за Гоце:

– „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“ – писмо на Гоце Делчев до Ефрем Каранов од 17 октомври 1895 година.

– „Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи“ – Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година од романот на Димитар Талев „Илинден“.

– Со кама стисната силно во раката како во екстаза, со движења кои ги правеше пред другарите, без некому лично да му се обраќа со зборови на восхит, просто ја опеваше камата како симбол на некаков култ. Секој којшто го слушаше или гледаше во таква положба, се заразуваше од неговите движења и зборови. Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола… Гоце и самиот јунак, имаше голема слабост кон поединечните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето на кадри од такви поединци, неговата заслуга за Организацијата беше огромна. Во тој однос тој беше незаменлив. Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваа духот и внатрешната сила на самиот автор. Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромно влијание. Гоце беше голем почитувач на личното јунаштво, зошто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример. Тој не запираше пред вистинската смрт, која би можела да се избегне. Никој, никаде и никогаш не забележал кај него белези на страв или збрканост во случај на средба со потери или кога му јавуваа дека претстои некоја опасност. Своето презирање на смртта кој него беше нешто природно и неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чувство што беше неразделно од неговата природа. Ваквото влијание на тој правец беше огромно и многу значајно кога ги правеше многубројните посети на четите. Делчев секогаш ја ставаше на чело единката која имаше колективна целина. Една од неговите основни задачи во неговите агитации беше да создаде такви типови кои ќе го подигнат духот на луѓето за поединечна работа и борба, за лична иницијатива. Тој работеше и создаваше поединечни сили, кои се вткајуваа во организацискиот морал и во создавањето кадри од таквите сили, кои ќе бидат можен придвижувач на делото. Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност… Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна… Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор… Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот… – Беседа за Гоце, Ѓорче Петров.

– Нему, на моменти му се чинеше, дека со еден замав ќе ги уништи, само да можеше своите чувства да ги направи достапни секаде и така да ја изнесе својата омраза. Неговиот ум беше преполн со толку мисли и желби, што веруваше дека може да го прероди светот и во него да блеснат слободата и правдата… – Беседа за Гоце, Ѓорче Петров.

Кажете му на тој чудесен јунак дека сакам да го видам и да му се поклонам: ние сите, од царот до последниот заптија одамна сме заморени, само тој не се уморува… — Дервиш ефенди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…

Не постои запис кој ќе потврди како…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…