Добро утро со Инфомакс: Како народот го чекал Делчев – Целото село разбра дека дошол најголемиот човек, началникот на Организацијата, „Поголем од него нема”

t

Во пресрет на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во рубриката “Добро утро со Инфомакс” му оддаваме почит на најголемиот меѓу најголемите Македонци на сите времиња, апостолот на македонската револуционерна борба, војводата Гоце Делчев.

– Делчев се зафати да ги исправи работите и тоа прво во Кономлади. Таму имаше подметнувања, крадење, блуд. Селаните од ова село беа добри само во едно: беа храбри и подготвени да помогнат. Делчев детално ги испитуваше сите пороци во селото – кражбите, блудничењето… Целото село разбра дека дошол најголемиот човек, началникот на Организацијата. „Поголем од него нема”. Делчев ги викна селаните кои имаа проблеми, кои сакаа да се пожалат за нешто и на некого, да дојдат кај него. Тогаш првпат се постави начелото судските работи да се решаваат во раководното тело, а на селаните им се забрани да одат во турските судници. Делчев во мое и во присуство на Марко, на Чакаларов, Москов, Стефо Кузов и на Георги Пешков. тогашен битолски раководител – во приватна куќа спроведуваше испитувања, донесуваше пресуди кои четата потоа ги реализираше. Делчев беше дојден само со еден другар, Иван Манолев, а четата на Марко броеше 13 души. Луѓето без збор ги извршуваа одлуките на Делчев. Брзо се одлучуваше – најголемото дело за еден час. Се викаа сведоци. Имаше многу смирувања. Откако се заврши, се организира собрание за целото село – само мажите. Се покрстија сите непосветени. Одеднаш беа покрстени 30 души, дадоа клетва в црква, навечер, во групи од по 4-5 души пред сите, на заедничкото собрание. Најчесто Марко ги заколнуваше, а Делчев, како и Москов, држеше говор. Делчев, речиси им ја исцрта состојбата, им го прераскажа минатото на селото опишано во разни книги, ги покани да се сплотат…

— Пандо КљашевСпомени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…