Добро утро со Инфомакс: Како нас можат да се родат десетици, но Македонија едвај ли ќе роди втор Делчев – 120 години од смртта на еден од најголемите Македонци на сите времиња
На денешен ден, во 1903. година, загина еден од најголемите Македонци на сите времиња, срцето и душата на Македонската револуционерна организација, Апостолот Гоце Делчев.
Во чест на Даскалот денес во рубриката “Добро утро со Инфомакс” издвојуваме неколку мислења за него, од за нас познати или помалку познати личности.
Добро утро Македонци, вечна му слава на Даскалот.
Андон Ќосето, познатиот атентатор на Организацијата, за Гоце ќе рече:
-„Кој го знаеше и кој не го знаеше, го почитуваше. Сите чети, што ги имаше тогаш – легални, нелегални, сите му беа нему потчинети. Кај него немаше никогаш груба забелешка, да рече лош збор или да се намурти. Се’ си беше весел. Беше многу доверлив.“
Ќосето вели како нас ќе се родат многу, ама Македонија едвај ли ќе роди втор Делчев:
-„Откако загина во Серско, реално, Организацијата не умре, меѓутоа, таа не беше така организирана и не можеше да се подготви како во неговото време, затоа неговите стари другари, кои што беа отпорано, останаа малку без заштита, бидејќи излегоа нови сили, нови умови. Некои од неговите стари другари, кои што останаа, кои што го знаеја, држеа, се мачеа, меѓутоа не беше тој дух, што го имаше во негово време.
Ако Делчев некаде го откриеја со некоја чета, никогаш не им велеше на војводите, ајде, сега ти напред. Во него имаше честољубие. Мене ми е тешко за секој паднат другар. Меѓутоа, како нас можат да се родат десетици, стотици. Но Македонија едвај ли ќе роди втор Делчев.“
Дека народот го сакал Гоце зборува и Крум Христов кој вели дека речиси и да не се употребувало неговото вистинско име, Ѓорѓи. Целиот народ со љубов го нарекол Гоце:
-Во пронаоѓачката нежност македонската мајка измислила за своите деца десетина нагалени имиња. И затоа синот на Султана Делчева ќе се нарече Ѓорѓи само во крштелното сведителство, во некои стари тефтери и во строгите официјално документи, каде што името се запишува, без да се изговара. Но мајката уште од првиот ден ќе го нарече така, нагалено, како што со гордост, со љубов ќе го нарече целиот народ…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…