Добро утро со Инфомакс: Македонија не е остаток од светот, туку дел до светот во кој Климент Охридски е почеток на сите идни настани
Бошко Смаќоски е македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател.
Бошко Смаќоски е роден на 18 септември 1938 година, во селото Модрич. Завршил гимназија во Охрид, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Уште за време на студиите, се вработил како новинар во Радио Скопје. Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија.
Добро утро Македонци, во продолжение извадок од поемата посветена на Македонија и Македонците – ТОЛКУВАЊЕ НА БОЛКАТА:
Од себе крадевме – светот го градевме!
Дури ни најблиската околина
не го удостојува со должна благодарност
тоа ретко човекољубие:
иако ни бил зборот единствено трло –
по зборот со камења ни фрлаат,
иако ни била песната единствена војна –
од книгите ни ја бришат,
иако ни била црквата единствена куќа –
темелите ѝ ги поткопуваат!
Преку драки,
преку маки,
преку крпеж,
преку трпеж,
преку ками,
преку амин,
преку брани,
преку рани –
преку сè од други презрено и гнасно
дојдовме до лице како сонце јасно!
Затоа, ве молам, размислувајте за Македонија
не според она со кое ве заразиле,
туку според она со кое ве лекувале:
имено, Македонија не е остаток од светот,
туку дел од светот во кој Свети Климент Охридски
е почеток на сите идни настани!
Ако на минатото не му обезбедиме иднина
и ако на иднината не ѝ обезбедиме минато –
ќе значи дека сме поминувале низ животот
како топлокрвни броеви,
како стадо сенки!
Најпосле,
Македонецот не бара да не биде вознемируван додека живее,
но барем да не биде вознемируван откако ќе умре!
Преку мртви,
преку жртви,
преку драки,
преку маки –
преку сè од други презрено и клето
дојдовме до име
пречесно и свето!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…