Добро утро со Инфомакс: Македонија не ќе се ослободи со дипломатски средства, туку со револуција, по националното ќе дојде и класно ослободување
На денешен ден во 1875 година е роден Димо Хаџи Димов, македонски социјалист, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, истакнат претставник и идеолог на Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија.
Во негова чест денеска издвојувме неколку негови мисли во кои, меѓу другото, прави јасна разлика меѓу Македонците и Бугарите.
– Со притисок и заплашување бугарската официјлна политика се мачи да го парализира во македонскиот народ неговиот инстинкт за самозапазување, да го задуши и умртви никулецот на оние идеи што би го спасиле од непријателската поделба, да ја убие онаа моќна и жива формула што сама по себе родува во неговата свест и во неговата душа, формула за запознавање на неговата целост како самостојна државна единица на Балканот. Тоа чувство, таа вест, таа решеност, што се заеднички за целиот македонски народ, се во целосна противречност со целите на бугарската политика. И ако таа успее да ја задржи во заблуда бугарската општествена свест, ќе изврши еден нов и тежок злостор и спрема македонскиот и спрема бугарскиот народ
– Македонија не ќе се ослободи со дипломатски средства, преку надворешна интервенција, ами преку револуција и по пат на самоослободување. Тајната дипломатија на империјалистичка Европа, искористувајќи ги великодржавните територијални аспирации на малите балкански држави, ги вовлекува нив во своите игри и ги држи во потчинетост и заостанатост. По националното ослободување, ќе дојде борбата за класно и социјално ослободување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…