Добро утро со Инфомакс: Ми тежи, Татковино, в срце ме гребе таа крв што чади
Никола Јонков Вапцаров е истакнат македонски поет и писател, човек кој целиот свој живот, иако живеел во Бугарија, истакнувал и нагласувал дека е Македонец.
Добро утро Македонци, во продолжение “Татковина” од Вапцаров.
ТАТКОВИНА
Над тебе се крева
гранитниот Пирин,
тој пленик на маглите сури;
над села што патат
сал орлови јата, –
по полето вилнеат бури.
А години беа,
низ кои со смеа
ме лулаа мечти нероднички.
Живеачка ведра
и лесна,
живеачка штедра
и песна
ти беше заводничка.
Но, ете –
кај минав
низ масло,
низ чад
и машини
кај минав
низ јарем и гнет –
насекаде кај што се борат
за леб.
И нешто се скрши
во мене.
Та, завикав од болка,
но- безизлез притеснет.
Се свртев зад себе
и плукав озлобено
и в тебе
и в животот клет.
Сега си ми блиска,
од мајка си поблиска, љубена!
Но, денес ме плиска
ех, крвта, во ненужност губена,
во сонот ме гушат
пресметките и крв по плоштадите
на твои херои
од туѓински пари загадени.
Ми тежи, ТАТКОВИНО,
знај, жестоко в срце ме гребе
таа крв што чади,
та јас ќе те прашам:
сè ова
ти беше ли нужно
тебе?
Мрак тежи.
Во мракот – робија и гнет.
Глад.
Векови цели стоиш поназад.
А некаде животот расне,
се буди
среде фабрики рој
и голема вера.
А народот мој
се труди и гасне
како в далечината
бронзена ера.
Пак тебе те сакам
татковино Гоцева, Дамева,
во тебе се родив
младините тука ми беа.
И в срце го носам
тревожното знаме
и вечниот полет
на сите без леб и без стреа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…