Добро утро со Инфомакс: Народност со пари не се купува, Егзархијата продава ветер и магла и има една задача – да создава во Македонија Бугари!
На денешен ден, 14 август, во 1868 година во с.Богомила, велешко е роден македонскиот револуционер, основач на Македонската Револуционерна Организација, автор на првиот Устав на Внатрешната организација и автор на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, Петар Поп Арсов.
Поп Арсов е познат како еден од најголемите борци за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.
Своето образование го стекнал на повеќе локации како Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на филозофско-историскиот факултет заедно со бројна македонска интелигенција: Даме Груев, Крсте Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
Во негова чест денеска ви издвојуваме неколку негови мисли.
Добро утро Македонци, еве како размислуваше Петар Поп Арсов.
–Рајо, рајо! Мислиш ли ти, дека со бабински плачеви ќе те слушне Бог и ќе се спасиш? Се лажеш несреќнице! Дојди по мене и ќе се спасиш – рекол Исус на еден, а тоа значи: Стани, опри се против непријателот и Бог ќе ти помогне. Лозјето не сака молитва, ами мотика! Од оф и леле и што ми било пишано! до сега никој не видел аир… та свести се, забога! Те тепа арнаутин – тепај го и ти! и тој душа и ти: раце ти дал Господ – што му додеваш на Бога… – На Мокров (расказ од животот на Македонците) — прозен расказ објавен е во списанието „Лоза“.
Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува… сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин – се гледа во нашата народност. (се стреми) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин… да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез… да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш… Ни даваат пари за да не убијат… По ѓаволот тие пари, ако нашите општини, убивајќи ги, уште и не ги веруваат, па им натрапуваат семожни претседатели, владици, директори, учители и сл. за да ги контролирале (?!) сумите-единствениот мотив на бугарската пропаганда… Да, бугарска пропаганда!
— Петар Поп Арсов, Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници
Во истото дело Петар Поп Арсов заклучил дека работите во Македонија оделе така, “затоа што ние немаме училиштен оддел во Цариград, кој да се грижи за добриот развој за училиштата во Македонија, а просто и чисто еден северено-бугарски езуитски одред со позната задача… задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата-да создава во Македонија Бугари!“
Против бугарската политика во Македонија која била спроведувана преку Егзархијата, отворено застанала младата македонска интелигенција на чело со МРО. Таа полека го привлекла и граѓанството. За овие случувања, Поп Арсов пишува: … граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај (Михаил) Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот – нели?… и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата… уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме.
Петар Поп Арсов ја согледал опасноста од создавање на Бугари во Македонија и ги повикал напомош сите чесни Македонци! Елате да ги спасиме општините во Македонија што умираат, со тоа сакаат да не претворат во мртви трупови, за да си играат со нас, како што посакуваат, нашите наводно браќа! Поп Арсов заклучил дека Егзархијата со својата пропаганда постигнала контра ефект во Македонија, претварајќи ги Македонците во извонредна храна за Србите и другите пропаганди, затоа не можеле да се простат гревовите на Егзархијата, зашто тие се големи и зад себе повлекуваат опасни последици за цел народ. Поп Арсов препорачал: да станеме народ, или да тргнеме со посмели чекори по патот на еврејскиот материјализам, а во Македонија ќе се најдат луѓе кои не ќе ја остават Егзархијата, да си игра со цел еден народ по свој ќеф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…