Добро утро со Инфомакс: Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, една самостојна држава со деловите кои сега припаѓаат на Југославија, Грција и Бугарија
Тодор Александров Поп-Орушов е македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО.
Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев-Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.
Добро утро Македонци, во продолжение како странскиот печат пишуваше за Стариот:
-Со своите високи квалитети, и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава Ќе ги вклучи деловите кои сега припаѓаат на Југославија, Грција и Бугарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба. Грчката и српската политика по тој начин го принудија Тодор Александров и Македонската организација да започнат една енергична борба. Во еден период од три-четири години македонскиот шеф ги сплоти околу себе сите малцинства, незадоволни од режимот установен во Македонија после мировниот договор
— Весникот Трибун де Женев, 24.09.1924 г.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…