Добро утро со Инфомакс: Нема да оставам пушка убојна Македонија дури е робиња!
Мите (Димитар) Богоевски е роден во с. Болно, во печалбарско семејство. Основно образование завршил во родното село и во Ресен, а во Битола завршил Трговска гимназија. 1939 година се запишал на Економскиот факултет во Белград, но поради финансиски причини го напуштил и се вратил во родното место.
Уште на млади години се вклучил во прогресивните движења, а неговата политичка активност била следена од полицијата и затоа е прогонуван, апсен и затворан во Битола и во Белград. По враќањето од Белград станал член на Комунистичката партија на Југославија. Во 1942 година бил уапсен од бугарската полиција и сурово измачуван, но ослободен. На 12 септември 1942 година заедно со Стив Наумов, во неговото родно село бил опколен од бугарската окупаторска војска и полиција, а тие за да не паднат во нивни раце извршуваат самоубиство. По ослободувањето се прогласени за народени херои.
Мите Богоевски бил и поет, уметност која ја развива уште од млади години.
Во духот на Народноослободителната борба е испеана неговата песна „Стојанка млада партизанка“. Во неа, со елементи од народното творештво – дијалогот меѓу Стојанка и гората, е претставена храброста на младите луѓе и нивната пожртвуваност за слободата. Дури и девојките, како Стојанка се вклучувале во борбата одменувајќи ги браќата по нивната смрт. Без солзи, без жал, таа ја нарамува пушката и заедно со другите борци тргнува во борба за Македонија и за нејзината слобода.
Добро утро Македонци, во продолжение „Стојанка млада партизанка“:
Стојанка млада партизанка
Последниот час веќе наближил,
се кинат, дробат темни облаци,
зора се зори, сонце изгрева,
в чета се берат одбор јунаци.
Селата пиштат, јачат горите:
„Ој, судбо, судбо клета проклета
што не раздели од најмилите.“
Само Стојанка брата не жали,
не рони солзи проклетна,
не колне судба, судба страдна;
облече срма руба комитска,
нарами пушка, сабја запаша.
Тргна Стојанка брата да втаса
и неговата дружина.
„Горо ле горо, горо зелена,
шумо бујата, криеш ли брата
со храбра чета, верна дружина,
со црвен барјак в борба прославен?“
„Стојано, Стојанке, млада партизнке,
на мила брата лика прилика,
мила ти брата добро познавал.
Кога се борба силна водеше
со проклет душман, клети фашисти,
тој падна Стојне, падна јуначки
и славно знаме тој не усрами…“
Не плаче Стојанка, лице не грди.
Срцето и е машко, јуначко;
Извика песна на глас комитска,
гора ја слуша, лисја треперат:
„Ако во борба брате загина,
предвреме ако младост изгуби,
лесна да ти е, брате земјата;
ти имаш сестра да те замени:
нема да фрлам руба јуначка,
нема да оставам пушка убојна
Македонија дури е робиња,
дури ја грабат клети душмани.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…