Добро утро со Инфомакс: Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата
Јане Сандански е еден од најголемите и најпочитуваните македонски револуционери, борци за слободна Македонија, но истовремено и еден од најоспоруваните од страна на источниот сосед.
Добро утро Македонци, во продолжение цитати од и македонскиот револуционер Јане Сандански кои недвосмислено говорат за неговатa македонска национална свест и за неговото залагање за слободна независна македонска држава:
– “Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот” и затоа “Tреба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат.” – Јане Сандански, Рилски конгрес, 1905
– “Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата.” – Јане Сандански, писмо до жителите на Мелник, 1904
– “…Личните завоjувачки апетити на соседните државички: Грциjа, Србиjа и Бугариjа, не можат да се смират и да jа примат девизата на Организациjата: Македониjа на Македонците. Мислата дека Македониjа може еден ден да се jави како самостоjна единица ги ужасува.Секоjа од тие држави фрла милиони за поткупи, употребува и наjподли средства, први се за да може да го привлече населението и Организациjата за своjата кауза и да го убеди надворешниот свет дека Македониjа е населена само со неjзини сонародници. …” – Писмо од серскиот револуционерен комитет од 20 Јануари 1905 година, потпишано од Јане Сандански(Реформи, 22. IV. 1905/VII, бр 19, стр. 2-3)
– Да, Македонија не треба да бара помош надвор од себе, туку во самата себе. Нејзината слобода не ќе биде подарок, туку крвав откуп, платен со илјадници жртви, какви што дадовме и продолжуваме да даваме.
– Ние не сакаме да ја замениме турската тиранија, турските султани со други султани, па ни со бугатската тиранија и бугарскиот кнез. Ние се бориме Македонија да стане автономна, независна, слободна држава, Македонија на Македонците!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…