Добро утро со Инфомакс: Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите?
На денешен ден во 885 година починал Сввети Методиј Солунски, македонски и сесловенски просветител и постар брат на Константин Филозоф (Кирил).
Со само 20 години Методиј, како син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во византиската армија и веќе бил познат и на царскиот двор во Цариград. Бил споредуван со Самсон (според силата) и Исус Навин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од царот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.
Браќата Кирил и Методиј се најпознати по нивната просветителска дејност, односно создавањето на првото словенско писмо, глаголицата.
Активноста на Методиј била насочена пред сè кон воспоставување и зацрвстување на врските со Струмјаните, но не со силата на мечот туку преку придобивањето на ова моќно словенско племе. Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта резултирала со издавањето на т.н „Закон судњиј људим“ воен законик напишан на словенски јазик со грчки букви. Според Сергеј Троицки овој закон го смета за првенец на сета словенска литература.
Основниот проблем било неразбирањето на грчките букви од страна на Словените и неможноста старословенскиот јазик да се преточи со грчката азбука. Создавањето на глаголицата значително го олеснило описменувањето на овдешното население, но и хиситјанизацијата која ја вршеле Светите браќа Кирил и Методиј.
Во чест на овој ден, денеска ви ја издвојуваме познатата мисла на Свети Кирил, кој вели:
„ Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? …
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…