Добро утро со Инфомакс: “Не е далеку часот кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата”
На пет дена до еден од најголемите македонски празници, Илинден, симболот на непокорот и борбата за слобода на Македонците, во рубриката “Добро утро со Инфомакс” ќе издвоиме мисли, писма, цитати од Илинденскиот период и предводниците на востанието.
Еден од нив е секако и Дамјан Груев, револуционер и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација.
Добро утро Македонци, еве како размислуваше Даме Груев:
Паша ефенди, Се обраќам кон Вас, не дека толку ми е пријатно и дека нешто сакам од Вас — да не даде Алах да сакам нешто од турски паша! — Не, јас едноставно Ви препорачувам да обрнете внимание на моите зборови. Можам да ве уверам дека нема да ги повторувам. Досега сте можеле да се убедите дека Македонците си стојат на зборот, и Вам, имено Вам, би Ви следело да ги научите од нас правилата на воена чест. Но, да не говориме за тоа што нема да биде. Да, Ви беше познато дека општото востание се крена по Ваша вина. Вие, и само Вие сте виновни, за сите ужаси и насилства извршени по Ваша заповед. Ние долго и многу трпевме и нашето трпение се исцрпува. Ве предупредуваме дека ако во септември не наредите да се прекинат насилствата, грабежите и колежот на мирното немухамеданско население, тогаш ние со волјата на Семожниот создател, откако ќе и се покориме на злата неопходност. ќе извршиме такви ужаси над мухамеданското население, така што ќе ви се крене косата на Вашата глава. Вие можете да ги убедите претставниците на европските држави дека речиси сте го задушиле Востанието, може да говорите се: може да говорите што сакате, но, Вие никогаш нема да не убедите дека откако ќе се покориме и ќе го положиме нашето оружје дека ние ќе имаме гаранции за нашиот живот и имот. Јас веќе дадов заповед по цела Македонија на никој начин да не Ве слушаат и да не Ви веруваат, а кој ќе Ве послуша Вас, ќе плати со својот живот. Впрочем, Вие сте должни со нас да водите правилна војна, бидејќи во спротивен случај ние ќе ги опожариме сите турски села и ќе ги истребиме нивните жители. Ние не очекуваме помош од Европа. Ние се надеваме со нашите сопствени сили да ги уништиме вашите храбри војници и можеби не е далеку часот кога над облеаната во крв Македонија ќе засвети сонцето на слободата. До вашето назначување, ние ќе се задоволевме со обични реформи, но сега нема да не купите така евтино. Имајте предвид дека нашите чети се снабдени со доволно количество на потребности и ние ќе умееме да се бориме со Вас десетици години. Ако Бурите го зачудија светот со својата борба против Англија, тогаш ние уште повеќе ќе го зачудиме. Јас Ви кажав. Вашата работа е да ми поверувате на зборовите
— Даме Груев, Писмо на Даме до Хусеин Хилми паша.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…