Добро утро со Инфомакс: Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет кога Хераклеја ми е дома…

t

На денешен ден во 2018 година во Кантербери, Велика Британија, почина македонскиот драмски писател Горан Стфеановски. Тој зазема значајно место во современата македонска книжевност и се смета за најистакнат македонски драматург во периодот по Војдан Чернодрински.

Заљубен во англискиот јазик во своите тинејџерски години низ влијанијата на Битлсите и Ролинг стоунсите, Горан се запишува на студии по англиски јазик и литература на Универзитетот во Скопје. Сепак, тој не можел да го отстрани театарот од својот систем и ја поминал својата трета година студии на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград. Дипломирал како најдобар студент на својата генерација во Скопје и се вработил во Одделението за драма на ТВ Скопје, а наскоро се вратил на универзитетот за да предава англиска литература, со посебен фокус на Шекспир.

Во октомври 1974 година се запознал со Пат Марш, англиски јазичар која дошла да предава англиски јазик на скопскиот универзитет. Тие се венчале во 14 март 1976 година. Кога се запознале, тој пишувал претстава заснована на македонскиот фолклор за Слободан Унковски, еден од режисерите на театарската група на која ѝ се приклучил како студент. Унковски останал негов доживотен соработник и пријател. Јане Задрогаз постигнал голем успех и продолжил да се прикажува на престижниот меѓународен театарски фестивал во Белград (БИТЕФ), потоа во Париз и конечно на Театарскиот фестивал Каракас во Венецуела.

Радиодрама за Шекспир, две ТВ-претстави со современа тематика и шестепизодна ТВ-серија поставена во 1940-тите го следат раниот успех на Горан Стефановски во втората половина на 70-тите години. Во 1979 година ја напишал својата најпозната претстава „Диво месо“, која досега доживеа петнаесет продукции низ цела Европа, вклучително и Лондон, и е во наставниот план за средните училишта во Македонија. Претставата е заснована врз искуствата на неговиот татко и чичковци за време на Втората светска војна. Ова дело му ја донело Октомвриската награда на Република Македонија за извонредно уметничко достигнување, највисоката награда на Републиката, како и наградата во 1980 година за најдобра југословенска претстава на годината на Југословенскиот народен театарски фестивал.

Две години подоцна, „Лет во место“ ја имал својата прва изведба, претстава што се занимава со проблемот на македонското прашање во доцниот XIX век и идентитетот на нацијата. Со тоа Стефановски пораснал во очите на неговите сонародници ширум светот.

Скоро секоја година во следните триесет и три години се претставувала нова и успешна претстава на Горан Стефановски, од кои многубројни биле наградувани. Во осумдесеттите, тој постојано ги туркал границите на југословенскиот театар, како во уметничка така и во политичка смисла. „Дупло дно“ (1983) била особено смела во предизвикот на државните цензори. Во 1988 година, „Црна дупка“ била првпат изведена на сцената. Со својата единствена структура и зачудувачка театралност, генерално се смета дека е најголемиот придонес на европскиот театар.

1985 година го одбележа преминувањето на драматургот во ТВ-серии за деца. „Бушава азбука“, детска ТВ-серија во која секоја епизода поучува за една од 31 буква од македонската азбука преку комбинација на анимација и скици.

Добро утро Македонци, во чест на Стефановски денеска издвојуваме еден негов цитат кој верјатно сите добро го знаете.

“Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ