Добро утро со Инфомакс: Ние од ВМРО не сме Бугари! Ние сме Македонци! Сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките Македонци на Филип II и на Александар…
Тодор Паница е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, приврзаник на Серската група, еден од организаторите на Народната федеративна партија и еден од основачите на ВМРО (Обединета).
Добро утро Македонци, во продолжение што мислеше Паница.
Во својата богата политичка активност, Паница имал неколку средби со Елефтериос Ставридис, член на Комунистичката партија на Грција. На овие средби, меѓу другото, според спомените на Ставридис публикувани во 1953 година, Ставридис истакнал:
-„Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци, ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки, или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките Македонци на Филип II и на Александар… Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. Сандански, заедно со Делчев – протагонисти и двајцата за време на Илинденското востание, стана опасен за Бугарија и бугарските шовинисти решија да го ликвидираат, бидејќи неговата агитација не одеше во прилог на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, зашто тој култивираше кај Словеномакедонците македонска национална свест. И неговото убиство, всушност, беше извршено од самите Бугари..“
На ова Паница одговорил:
„Кој ви кажа дека јас сум Бугарин? Така мислите и вие, како што мислат и илјадници? Ние од ВМРО не сме Бугари! Ние сме Македонци! Мора утре да ви ги објаснам овие работи, задолжително, штом и вие комунистите на Грција нè сметате за Бугари! Треба да знаете дека нè навредувате кога ни велите Бугари!…Ние сме Македонци, ова сакам да го сфатите! Ќе ја задржиме Пиринска Македонија под наша управа, привремено, како што ја имаме сега, зошто Цанков не се осмелува да нè нападне. И подоцна, заедно со КПБ, и вас од КПГ и КПЈ, ќе се стремиме за автономија на цела Македонија, за да направиме наша држава, како што ја замислуваше и првиот наш водач Сандански“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…