Добро утро со Инфомакс: Ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза – Слобода или смрт!

t

Македонското (Кресненско) Востание е едно од најголемите и најорганизирани востанија на македонскиот народ во борбата со поробителите Османлии.

Нашите предци биле разумни и мудри и јасно се декларирале како Македонци, правеле јасна разлика меѓу македонскиот народ и соседните народи, а во борбата против Османлиите биле добредојдени сите добронамерни.

Добро утро со Македонци, во продолжение прочитајте дел од Правилата на Македонскиот востанички комитет од 1878 година:

– Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистични цели од страна на големите сили и е оставена на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу кравави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може, станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт! Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијушите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме нашата татковина Македонија “.


Некои од членовите:

  1. Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија.
  2. Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина.
  3. Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата.
  4. Сите доброжители на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.
  5. Им се дозволува на таканаречените Благотворителни комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието, меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однапред определени места, за да се доставуваат на востаничкиот терен; исто така и храната (да се доставува) до востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно прехраната и облеката во оние места каде што селата и куќите се разорени ли ќе бидат разорени.
  6. Се повикуваат доброволците надвор од Македонија – кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љубител на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде до местото каде што ќе се приклучи во редовите на востаниците и ќе му се даде оружје и се’ што е нужно.
  7. За мрзливците, крадците и арамолепците нема место меѓу македонските востаници, како што нема место на слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турските башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото беспокојство во народот. Такви доброволци не му се потребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси.
  8. Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, благородно и благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби.
  9. Нашата цел на Македонското востание не е никаква тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка – за него нема место во востанието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…