Добро утро со Инфомакс: Ние треба да се ослободиме од сите бугарски партии, да работиме само за Македонија и со Македонци
Петар Чаулев е познат македонски револуционер, учесник во Илинденското востание. Познат е и како Езерски, Карабибер, Караормански или Мајски.
Во Илинденското востание бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, во 1911 година бил член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни, во Тиквешкото и во Охридско-дебарското востание. За време на бугарската окупација во Првата светска војна бил околиски началник на Охрид. По војната учествувал со Тодор Александров и Александар Протогеров во создавањето на ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест. Бил убиен од страна на Димитар Стефанов, член на ВМРО.
Денеска ви издвојуваме една негова кратка мисла.
Добро утро Македонци, еве што велеше Петар Чаулев за бугарското влијание и пропаганда во Македонија:
-Ние треба да се ослободиме од сите бугарски партии, да работиме само за Македонија и со Македонци, инаку сите ќе не осудуваат и само ќе налеваме вода во нејзините партиски воденици, а Македонија ќе плаче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…