Добро утро со Инфомакс: Оваа земја зар не доживеала униженија? Сето е предвидено, ние си одиме, а земјата останува!

t

Блаже Конески е еден од најзначајните македонисти, еден од кодификаторите на современиот македонскиот јазик, поет и писател со раскошен стил и неизмерна љубов за родната грутка.

Добро утро Македонци, уживајте во “Послание” од Блаже Конески:

Без вас, Тире и Сидоне,
овде се живеело илјадници години
и пак ќе се живее.
Ние луѓето сме како тревана –
ја газат, се суши, се задушува, гине,
само земјата останува.
Ние луѓето сме како мравине –
ги гмечат, ги ништат и пак се збрале купче.
Одовде тргнал некогаш поход до Инд,
кој можел да го предвиди тоа?
По Via Egnatia Цицерон одел во прогонство
во Солун.
Близу до Драма
призракот на Цезар му се јавил на Брута
под шаторот
спроти решителната битка.
Па се посветиле во Тивериопол
петнаесет маченици.
Наум соградил манастир
на извирот на Белото езеро.
Оваа земја го крепела и Маркота Крале.
И сепак,
зар не доживувала таа униженија?
Зар можело без тоа до зрелоста?
Сето е предвидено –
ние си одиме,
а земјата останува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…