Добро утро со Инфомакс: Откако Ленка остави кошула тенка, ленена, недовезена на разбој…

t

Кочо Рацин е македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Добро утро Македонци, во продолжение “Ленка”:

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој

и на наломи отиде

тутун да реди в монопол —

лицето ѝ се измени

веѓи паднаја надолу

и усти свија кораво.

.

Не беше Ленка родена

за тија пусти тутуни!

Тутуни — жолти отрови

за гради — китки розови.

.

Прва година помина

грутка в срцето ѝ легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.

.

И ноќе кога месечко

гроб ѝ со свила виеше.

Ветерчок тихо над неа

жална ѝ тага рееше:

„Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?

Кошула беше даровна…“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…