Добро утро со Инфомакс: Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна политика ја погреба Македонија
Иван Хаџи Николов е македонски револуционер, општественик, книжар, трговец и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.
Историчарите ја истакнуваат неговата улога за развојот на македонскиот народ и го сметат за еден од првите втемелувачи на македонската државност, односно за втемелувач на идејата за создавање на самостојна македонска држава.
Добро утро Македонци, еве што мислеше и пишуваше Иван Хаци Николов.
– Во договореното време на 23 октомври 1893 г., во петокот навечер, сите шестмина се собравме во живеалиштето на Хр. Батанџиев. Јас ја објаснив целта на нашата средба дали не е време да се основа револуционерна организација, каква треба да биде нејзината тактика и нејзиното политичко верују, кои ќе имаат право да членуваат во неа, и какви треба да бидат нејзините односи со македонската емиграција што се наоѓа надвор од територијата на Македонија и слично. Поставените прашања беа предмет на разгледување од нас шестемина, но најподробно и најопширно се искажа д-р Хр. Татарчев. На крај дојдовме до следнава согласност: 1. Организацијата треба да биде тајна и револуционерна, 2. Нејзината територија ја сочинува само Македонија, во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се наречува и внатрешна 3. Во неа ќе членуваат лица родени и што живеат во Македонија, без разлика на вера и народност, 4. Политичкото верују на организираните Македонци е: автономија на Македонија и 5. Да се запазува самостојноста на Организацијата, за да не падне под влијание на политиката на владите на соседните словни држави. Јас бев задоволен што сите присутни ги искажаа кажаните јасни мислења, што јас порано ги бев искажал пред К. Шахов и Г, Делчев во Софија, затоа н најмалку зборував, но на крајот реков: „Другари, ние веќе основавме револуционерна организација, но дали знаете какви можат да бидат последиците за секој еден од нас во случај на провала? Сите ние можеме да отидеме на бесилка. За себеси ви изјавувам дека сум решен да одам докрај, а вие што ќе речете?“ Сите одговорија потврдно, т.е. дека и тие се готовни да одат докрај. Со тоа заврши формалниот чин на основањето на Револуционерната организација, идејата за која зреела кај секој еден од нас уште порано.
Хаџи Николов се обвинувал себеси за неуспесите на востанието и задушувањето на активностите на Огранизацијата. До крајот на својот живот живеел во Софија. Бил тешко заболен и душевно растроен и се самоубил на 9 јули 1934. Каква била неговата духовна состојба дознваме од самиот Хаџи Николов кој вели:
Мислата дека треба да се напише нешто за Револуционерната организација ми го облева срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не е самата Организација, туку Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не национална политика, ја погреба Македонија и ѝ причини огромни жртви во луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам виновен за сите тие злосреќни што со моите другари станавме причина за револуционизирањето и, во последица на тоа, погубувањето на Македонија и Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух како тие луѓе не нè убија со камења откако го согледаа грозниот излез на нашата револуционерна иницијатива
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
Петровска до ВМРО-ДПМНЕ: Каде сте „патриотчиња“ –…
Во синоќешното обраќање од собраниската говорница, ексминистерката…