Добро утро со Инфомакс: Тврдењата дека сме Срби или Бугари не вредат ни луле тутун
Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација. Ѓорче Петров бил и задграничен претставник на ТМОРО во Софија.
Во неговото дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, тој пишува како бугарската и српската пропаганда се борат една со друга да докажат дека Македонците, односно тогашното македонско население се или Срби, или Бугари, за кои тврдења Ѓорче Петров вели “не вредат ни луле тутун”.
Добро утро Македонци, еве како мислеше и пишуваше Ѓорче Петров:
… Денешните историски докажувања и расправии водат кон тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат „браќата“ за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на „Новини“ врз основа на некои факти од „Бугарската историја“ и врз мислењата на разни историчари и патописци, дури врз историските спомени на населението за српските владетели на кои спомени многу се силат „браќата“ или големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното заемно учество во разни движења, нивната нова заедничка историја, најпосле „славата“ на Милоевиќ и „курбанот“ на г.Шопов, сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун.
—Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…