Добро утро со Инфомакс: Те барам во жестоката можност за обединување на мојот раштркан народ

t

Петре Мито Андреевски е ненадминат македонски поет, човек со неисцрпна инспирација, голем патриот, родољуб, човек кој ги спојува љубовта кон саканата и вечната љубов кон Македонија.

Добро утро Македонци, денеска ви издвојуваме една песна од стихозбирката, циклусот песни “Дениција”:

ПЕТТО ПИСМО

A те барав во учебниците, те барав низ вековите,
во заседите на ветрот, во прангиите на зимите,
во неразбраниот срам на хоризонтот пред зајдисонце,
во неразбраниот копнеж на ракатката – тутун,
што ce дипли и оддиплува меѓу прстите,
во раскуќената светлина од слепите и мртвите,
во рамнотежата меѓу минатите дни и идните ноќи,
во ропството на душата од дувачите на стакло.
Te барав во нагласокот од непознатите јазици,
во отседланите вечери и празните постели сред поле,
во вчудовидената јаглика на увото од билјарките,
во интерпункцијата од говорот на уплаканите деца,
Te барам во жестоката можност за обединување
на мојот раштркан народ,
во стракот киселица, во неупотребениот воздух,
што ги караше и миреше соседните села,
покрај наковалните од жешките и женски пладниња
меѓу овошките упатени кон својата сезонска цел,
во иглата што го зашиваше темното и светлото.
Te барав, наслушувајќи го подземното тапанче
што беше срцето на успаните жетвари.
Te барав во незавршениот страв на ѕвездата што паѓа,
не можејќи ништо да допре во просторот.
Te барав, те барам, во cè и сешто,
Te барав, a барајќи можев само да те сретнам,
но не и да те најдам, но не и да те најдам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…