Добро утро со Инфомакс: Чувај се, насилниче, од силата на врзан човек!

t

Творештвото на великанот Блаже Конески е неисцрпен извор за македонската литература и македонскиот јазик. Конески е ненадминат поет, македонист, еден од најголемите Македонци.

Творештвото на Конески, неговата поезија и проза е опис и за денешните состојби, како да знаел што ни следува и пишувал за да спречиме.

Добро утро Македонци, уживајте во “Одмазда” од Блаже Конески.

Одмазда – Блаже Конески

Има време кога дрвото му се одмаздува на човека
за сите засеци, за сите убоди,
за сите навреди,
за сите кастрења,
за секој непромислен збор,
за отсуство на благодарност спрема сенката и плодот.
Тоа не може да те начека,
тоа не може да ти се испречи на патот како насилник, –
тоа со своите вечерни сенки само може да влезе во твојот сон,
и така влегува во сонот – како распнат човек,
и со студенило пушта тоа корење во твоите жили,
и страшна е во сонот играта на тие сенки,
во крвта таа студ.
Тоа урочува,
тоа фрла клетва –
Чувај се, насилниче, од силата на врзан човек!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…