Добро утро со Инфомакс: Јас како Македонец на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија
Крсте Петков Мисирокв е еден од најпознатите македонски филолози, кодификатор на македонскиот јазик, писател, етнограф, публицист…
Во денешната рубрика “Добро утро со Инфомакс”, издвојуваме неколку делови од статијата на Мисирков насловена како “Македонски национализам” издадена во Софија во 1925 година.
Добро утро Македонци, еве како размислуваше Крсте Петков Мисирков.
“Јас не се каам што уште пред 28 години се објавив за македонскиот сепаратизам. Последниов беше и си останува за мене единствениот излез, најдобриот пат по кој македонската интелигенција би го исполнила и ќе го исполни својот долг пред татковината и пред нашиот народ.”
“Мојот македонски патриотизам и тука го победува бугарскиот патриотизам. Македонците и се нужни на Македонија; само со Македонци Македонија ќе биде на Македонците, а не без нив. Македонците или треба да си останат на родните места, па ако сака и ѓаволот да ги владее, или пак, ако им е судено да се местат, тие треба да се преместат од едниот крај на Македонија во друг крај, но пак на Македонија, а не на Бугарија, Србија или Елада. Изгонети од грчка Македонија, Македонците требаше да отидат во српска Македонија, да образуваат воени населби и да го дочекаат денот кога би можеле да се вратат на родните пепелишта.
Ќе речете: така не може да размислува еден Бугарин. Да, но така може и треба да размислува еден Македонец.
Можеби ќе бидам упрекнат за малодушност, за изневера. Ќе речат: тоа што е денеска нема да остане вечно така; и за бугарштината еден ден ќе огрее сонце.”
“И од македонско и од српско, па дури и од бугарско, т.е. од општо јужнословенско гледиште најправилно, најцелесообразно и најпредвидливо би било изгонетите Македонци да бидат населени во Јужна Македонија за да образуваат една непробојна стена против азијатскиот грцизам расположен со фронт на север против Југославија и Бугарија.
Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не’ прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се’ само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.
И нека бидат уверени сите заинтересирани дека кај Македонецот ќе се најде достатно такт, предвидливост, самопожртвување за постигањето на едно општо добрување на Балканот, доста е да биде зачетено националното и личното достоинство на Македонецот.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…