Добро утро со Инфомакс: Јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа!

t

„Пиреј“ несомнено, за многумина, е најголемиот македонски роман. Се работи за вистински класик во македонската книжевност, кој ретко се надминува. Она што ги издвојува класиците е што истовремено носат универзални пораки, но и совршено го доловуваат времето во кое се сместени.

Страдањата на мајката која гледа како децата и умираат, а е немоќна да го спречи тоа, како и раните кои војните ги оставаат врз оние кои учествуваат во неа, особено не по своја волја. Истовремено, „Пиреј“ е длабоко испреплетен со македонската историја, тој е записник на едно тешко и мачно време за македонскиот народ, кога се случувало и двајца браќа да стојат на двете спротивни завојувани страни. „Пиреј“ е еден вид книжевен споменик на страдањата на македонскиот народ и тажната историја преполна со трагедии и растргнувања.

Добро утро Македонци, во продолжение неколку извадоци од “Пиреј”:

“… не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат.”

~ „Животот е една една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот гаѕер. Кај што ќе заврши и нашето тркалање. Нашето постојано паѓање.”

~ „Ние, за умен човек имаме само еден збор, велам, којзнае зошто, ама за умен човек немаме повеќе зборови. Сигурно дека умните луѓе се малку, велам, па малку се и зборовите за нив. За лош човек имаме многу зборови, велам, колку што има лоши луѓе, толку и лоши зборови.”

~ „Добро, бре, Витомире, му велам, може ли коњот да биде вол само со тоа што ќе му го смениш името, како мене што ми го сменија презимето. Ајде кажи, ако си човек, му велам.”

~ „И рече: „дојде време да се убива брат со брата и никој да не гледа ни пријател, ни роднина. Ебати животот, рече, кога мораш ваков народ да имаш што не те гледа за ништо.”

~ „… и јас ќе одам да прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, сичките нас, благодарам му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот…”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…