Договорена новата Влада на Црна Гора

t

Договорена Влада на Црна Гора: Лекиќ мандатар!

Претседателот на Нова српска демократија и еден од лидерите на Демократскиот фронт (ДФ), Андрија Мандиќ, изјави дека партиите се договориле да формираат нова Влада на Црна Гора, со Миодраг Лекиќ како мандатар, пренесува Вијести.

Лидерот на ДЕМОС, Лекиќ и официјално е кандидат за мандатот на 44-та црногорска влада, објави Мандиќ, прецизирајќи дека Лекиќ ја поддржале 41 пратеник од парламентарното мнозинство.

Андрија Мандиќ го информирал претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, дека парламентарното мнозинство го предложило Миодраг Лекиќ за претставник за состав на новата влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ