Објавено на:

Додека во Израел има војна, синот на Нетанјаху е во САД

t

Јаир Нетанјаху, син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека неуспесите на израелската армија, безбедносните служби и Високиот суд доведоа до нападот на Хамас што се случи на 7 октомври годинава, пренесе босански Аваз.

Тој е во Мајами каде што отпатува оваа година. Тој остана таму и покрај конфликтот меѓу Израел и Хамас. Јаир, исто така, потсети дека на 2 октомври јавниот сервис Кан објави вест, од непознат извор, дека пораката испратена од Шин Бет (Израелската служба за безбедност) и ИД (Израелските одбранбени сили) до политичкиот ешалон гласи „заради зачувување на мирот во Појасот Газа, економските операции за Газа мора да продолжат“.

Објавени извештаи

Тоа е во согласност со наводните оценки во Израел дека нема опасност од Газа, туку дека жителите на таа палестинска територија се заинтересирани само за економски развој.

Јаир Нетанјаху го објави и насловот на извештајот на ТВ Канал 12 за воените извидувачки единици кои предупредуваа за активноста на Хамас на границата со Газа неколку месеци пред нападот, но беа игнорирани од командантите.

Тој, исто така, ги критикуваше новинарите дека поставуваат политички прашања и го испитуваат јавното мислење, алузија на неодамнешните резултати од анкетите кои покажуваат остар пад на поддршката за премиерот и неговата конзервативна партија Ликуд.

Останав во САД и покрај војната

Инаку, Јаир Нетанјаху отиде на Флорида наводно по барањето на израелскиот премиер и неговата сопруга Сара да престане да објавува пораки на социјалните мрежи и да не зборува директно со пратениците и со министрите бидејќи го обвинуваат за поттикнување тензии во Израел и за продлабочување на дипломатски јаз со САД.

Нетанјаху Јуниор се соочи со критики за останувањето во САД кога изби војната и кога десетици илјади Израелци се вратија дома за да им се придружат на стотиците илјади резервисти кои беа мобилизирани на почетокот.

Нетанјаху неодамна, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Јаир Нетанјаху доброволно работи во САД и набавува опрема за армијата и итните служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…

Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…