Додека директорот Вејсели се луксузира работниците од Македонски железници се на принуден одмор!

t

Додека директорот Вејсели се луксузира, вработените од Македонски железници се на принуден одмор, реагираат од Левица.

– Македонски Железници Транспорт деновиве донесоа одлука вработените да се упатат на “доброволен” привремен принуден одмор, поради тешката финансиска состојба во која е доведено претпријатието и мерките за штедење.

Иако во законот не постои термин “доброволно”, кога работниците без своја волја се упатуваат на принуден одмор и земаат помала плата, директорот од Алтернатива сепак донел незаконска одлука – на штета на работниците и јавниот интерес!

До Левица пристигна реакција од вработените во МЖ ТРАНСПОРТ дека директорот Мајан Вејсели додека “штеди” на грбот на работниците, истовремено се луксузира за своите пулени вработени во ова претпријатие.

Директорот Вејсели си ги згрижил своите партиски луѓе во МЖ Транспорт со разни договори на дело, а кои воопшто и не одат на работа. Штетата која ја направил Вејсели на претпријатието е повеќе од еден милион денари месечно за овие вработување.

Работниците се жалат дека откако на функција стапил Вејсели, повеќе не се исплатуваат надоместоци за починат член на семејството, прекувремени саати и други надоместоци.

Повеќе од јасно е дека економската криза во Македонија не е увезена, туку истата е резултат на некомпетентноста и криминалите на владејачките ДУИ и СДС и нивните пајтон партии – кои го донесоа обичниот работник на раб на егзистенција, велат од Левиџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата повторно ги спасува „Железници“ со 16…

Иако на крајот од минатата година, преку…

Се бара нуркач за да ја провери…

Се бара нуркач за да ја провери…

Уште тоа ни требаше: Железничарите најавија блокада…

Системот секодјневно се распаѓа, по протетсите на…

Директорот на Железници Хари Локвенец: Ќе изградиме…

Директорот на јавното претпријатие за железничка инфраструктура…

Целосен прекин на долгите железнички линии во…

Утринава целосно беа прекинати долгите железнички линии…