Додека ние си играме референдум, Бугарија очекува исполнување на обврските од Протоколите
Сега од нас зависи, од сите политички партии од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирани во процесот на преговори колку брзо ќе го завршиме процесот на преговори и пристапување кон ЕУ. Секое одложување или блокирање на носењето на одлуките во Собранието кои се однесуваат на евроинтеграцијата значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ, изјави вчера во Софија премиерот Димитар Ковачевски на средбата со новинарите во Софија. Од Софија поддршка за справување со енергетската криза, но и потсетување за исполнување на обврските преземени со Договорот од 2017 година и протоколите.
-Основата на нашето членство во НАТО, на нашето отпочнување на прговори со ЕУ се Преспанскиот договор со кој постигнавме согласност со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија врз основа на кој се постигна согласнот за кревање на ветото на Бугарија и отпочнивање на преговорите со ЕУ. На тој пат на членството на ЕУ имаме активности кои треба да ги преземаме и за дел од нив се задолжени пратениците во Собранието. Секое блокирање на носењето на овие одлуки, секое одложување или блокирање значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ. Сега од нас зависи, од сите политички партии од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирнаи во процесот на преговори колку брзо ке го завриме процесот на преговори и пристапување кон ЕУ, порача Ковачевски на новинарско прашање за време на брифингот во КИЦ на Македонија во бугарската престолнина а по средбите со бугарската Влада и со претседателот Румен Радев.
Тој потсети дека Македонија ги почна преговори со ЕУ и дека Владата донесе одлука за формирање на пргеоварачката структура.
-Ние веќе имаме главен преговарач, имаме комплетна структура и до 15 септември имаме отпочнување на скрининг процесот кој што е исклучитлено значаен дел од пргеоворите, бидејќи преку скринингот се дефинираат обврските кои една држава ги има во делот на преговорите со Унијата, рече Ковачевски.
Тој и во Софија како и на заедничката прес-конференција претходно во Скопје со вицепремиерот и главен преговарач Бојан Маричиќ, нагласи дека очекувањата се земјата овој процес да го заврши до 2030 година како и дека земјата го има тој капацитет. Најави дека целиот процес ќе биде инклузивен и транспарентен. Упати апел за општествен консензус за постигнување напредок кон ЕУ, за вклучување на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, академската заедница, како и повик до опозицијата активно да учествува, да го поддржи и помогне процесот.
– Преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и што побрзо да се затворат. Завршување на преговорите до 2030 година е целта која си ја поставуваме. Таа е реална и достижна и јас сум силно убеден дека до следното проширување на Унијата ќе биде и Северна Македонија. Ќе работиме посветено за нашата земја да биде еднаква со сите други земји членки, да учествува во креирањето на политиките на ЕУ секако со заштита на нашите државни интереси. Нашата иднина е во ЕУ. За нас ова нема алтернатива и затоа потребно е сите заедно да дадеме поддршка да се вклучиме, да ја искористиме шансата која што е пред нас и со брзи чекори и самоуверено да одиме напред кон полноправно членство во ЕУ, истакна Ковачевски.
Бугарскиот технички премиер Галаб Донев пак, покрај за енергетската криза, посочи дека на средбата со Ковачевски, двајцата одново ги потврдиле добрите оценки за создадените претпоставки за развојот на дијалогот помеѓу двете земји и дека ќе работат на продлабочување на конструктивната соработка во сите области од заеднички интерес коишто се вклучувени и во Договорот за добрососедство и се она што е договорено помеѓу протоколите на меѓувладината комисија.
Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на прес-конференцијата во Скопје, пак, истакна дека процесот на проширување е сменет, а критериумите за членство во Унијата се изоструваат, особено по усвојување на ревидираната методологија за пристапни преговори во 2020 година. Според него, оваа методологија која првпат се става во функција наметнува пополитички пристапни преговори на начин што целокупниот процес го подигнува на повисоко политичко ниво во сите фази на преговорите.
-Со денешната одлука се одлучуваме за нова структура што го поедноставува овој механизам и воедно ќе го направи хиерархиски пофункционален, поефикасен и поефективен. Се воспоставува главен преговарач, функција што ќе ја вршам јас како заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања. За хиерархиска консистентност, ќе има и заменик на главниот преговарач, таа функција ќе ја врши државниот секретар за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, информираше Маричиќ.
Како единствена точка за координација ќе биде Секретаријатот за европски прашања, со оглед на надлежностите што ги дава Законот. Во секоја работна група ќе има претставник-координатор од СЕП, надлежен за методолошките и процесни аспекти и координација со останатите тела, а заради важноста и улогата на Собранието, неговата одлука ќе се дефинира со меѓусебен договорен акт во кој ќе биде дадена и дефинирана улогата на опозицијата.
-Во наредните денови се планирани средби со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции за што подаваме рака и опозицијата да се вклучи во овој процес, вели Маричиќ.
Чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на вчерашната собраниска комисија за европски прашања ја презентираше Програмата и приоритетите на чешкото претседателство со Советот на Европската Унија и при тоа посочи дека приоритетите на триото Франција, Чешка и Шведска дефинирани во декември 2021 година, поради енергетска криза и руската агресија во Украина се изменети и проширени, а процесот на проширување и Западниот Балкан е дел од нив.
– Имаме два сета на приоритети, првите се општи, а вторите се надворешни во кои надлежно е Министерството за надворешни работи. Имаме четири надворешни приоритети, а во два од нив е споменат и Западен Балкан. Започнавме со финализиран француски предлог и на нас е да ја завршиме домашната работа, истакна Лудва.
Евроамбасадорот Гир истакна дека државата веќе ги има исполнето условите за отворање на преговорите, така што следниот чекор што треба да се направи е да напредува кон отворање на пристапните преговори. Притоа, посочи дека сега е моментот државата да испорача реформи, со цел земјата да чекори успешно кон зачленување во ЕУ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, Христијан Мицкоски вчера изјави дека партијата ќе почне постапка за граѓанска иницијатива за собирање потписи за распишување на задолжителен референдум. Референдумското прашање, рече тој, ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија кој поранешниот премиер Зоран Заев го склучи со поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, како „извор и почеток на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции”.
Мицкоски, по завршувањето на седницата на ИК на партијата, којшто го усвоил референдумското прашање, најави дека наредната недела ќе соберат најмалку 100 квалификувани потписи по што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…
Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…
Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…