Додик: Британски разузнавачи „роварат“ низ Република Српска
Претседателот на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, денес изјави дека британската разузнавачка служба „ровари и во Република Српска и во Србија“, велејќи дека сака да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ), но дека во тоа треба „РС да биде видлива“, пренесува Анадолија.
Изнесувајќи остри критики на сметка на државата Босна и Херцеговина, чиј дел е и ентитетот РС, Додикпорача дека сега е време Србите да кажат „вратете ни го Дејтон и ќе останеме во БиХ“, или поинаку немаат шанса нивните потомци слободно да живеат во Босна и Херцеговина.
„За да не ни се случат повторно Славонија, Јасеновац, Брод на Дрина“, нагласи Додик, и потврди дека „опасноста е огромна“.
„Затоа и нè тргаат. Ако мислите дека Додик нема попаметна работа, многу се лажете. Само што добивме мал одмор затоа што во Америка не победи структурата која веќе ќе нè исчистеше. Тие прават сè систематски веќе 30 години“, истакна тој.
Наведе дека не води политичка, туку народна и државна кампања и ја повика опозицијата да „разговарааат за суштината“.
„Тие не можат да го прават она што го сакаат на заедничко ниво. Ова беше сериозна можност да ја оттргнеме Република Српска од БиХ, ако тие не ја предадоа. Требаше само да молчат, но станаа проактивни против Српска и нејзините власти“, рече Додик.
„ПДП е под директно влијание на британската разузнавачка служба, која сега ровари и во Република Српска и во Србија. Ако некој мисли дека Републиката нема да се справи со ова, длабоко се лаже“, рече Додик.
Истакна дека не сака „никој овде да ја почувствува војната“.
„Се бориме за ова парче земја, Српска е прекрасна, ќе се стабилизира и Србија, чиј претседател Александар Вучиќ ѝ овозможи на Република Српска да има дополнителен економски развој и да избегаме од приказната дека ЕУ е единствената алтернатива“, рече Додик, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Заканите на Додик за отцепување на…
Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска…
Лавров: Она што се прави кон Додик…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Тензиите во БиХ продолжуваат: „Цела Америка против…
Република Српска и следната година ќе продолжи…