Објавено на:

Додик во петок ќе се сретне со Путин

t

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска најави дека во петок во рамки на Економскиот форум во Санкт Петербург ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Задутре ќе отпатувам за Санкт Петербург, каде што ќе учествувам на Економскиот форум. На тој форум обично учествува и рускиот претседател Владимир Путин“, изјави Додик.

Тој рече дека средбата со Путин ќе се одржи по пленарната седница на Економскиот форум, на 17 јуни. Додик најави и дека утре ќе отпатува за Турција каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…