Објавено на:

Додик му се заблагодари на Трамп

t

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се огласи откако САД ги укинаа санкциите против него, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател Доналд Трамп за исправката, како што тврди, на големата неправда. Тој ја нарече одлуката морална рехабилитација на вистината за Република Српска.

Во објава на социјалните мрежи, Додик му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници за „исправката на големата неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“, која, како што наведува, „ја создадоа администрациите на Обама и Бајден“.

„Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние кои чесно ѝ служат. Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос што го создаде Кристијан Шмит – хаос што сега мора да се исчисти“, рече Додик. Тој додаде дека може да им прости сè на оние кои се фалеле и верувале во туѓите лаги во изминатите години, „освен годините што ги изгубиле затоа што верувале дека Република Српска ќе падне“. „Денес е јасно – таа никогаш нема да падне“, рече Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик му се заблагодари на Трамп

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик,…

Украинската армија го демантира Путин дека градот…

Украинската армија соопшти дека тврдењата на рускиот…

Мерц: Европа мора да стане технолошки независна…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика Германија…

„Берлинер Цајтунг“ за тензиите пред 1 ноември:…

Падот на настрешницата на железничката станица во…

Захарова: На Макрон би му било подобро…

Францускиот претседател Емануел Макрон би требало да…