Објавено на:

Додик најавува, Кремљ не потврдува дали ќе има средба со Путин

t

Во понеделникот Додик на социјалните мрежи објави дека пристигнал во Москва и го посетил гробот на непознатиот војник.

„Доколку тоа се случи, ќе ве информираме“, рече Песков, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе има работна средба меѓу Путин и Додик.

Покрај тоа, портпаролот на рускиот претседател ја коментираше изјавата на американскиот лидер Доналд Трамп за неговата подготвеност да воведе секундарни царини против Русија.

– Вчера практично веќе разговаравме на оваа тема. Ги продолжуваме нашите контакти со американската страна. Темата е многу сложена, како и прашањето што го разгледуваме, а е поврзано со регулирањето на ситуацијата во Украина. Тоа бара многу дополнителен напор. Ги продолжуваме нашите контакти со американската страна – рече Песков.

Претходно Трамп изјави дека е подготвен да воведе секундарни царини против Русија доколку не биде постигнат напредок во решавањето на украинското прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик најавува, Кремљ не потврдува дали ќе…

Во понеделникот Додик на социјалните мрежи објави…

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

Макрон оцени дека Украина не може воено…

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека безбедноста…

Кремљ: Вашингтон е нашиот главен соговорник во…

Русија ги смета Соединетите Американски Држави за…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…