Додик: Нема да дозволиме да се воведат санкции кон Русија
Русија не ги напушта пријателите, а во тоа повторно се уверив по разговорот со претседателот на Русија во Санкт Петербург, изјави денеска српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик.
„Сите наши претходно договорени проекти ќе продолжат, а цените на гасот ќе останат исти до крајот на годината, од што најголема корист ќе имаат граѓаните на Република Српска и Федерацијата на БиХ“, објави Додик на Твитер.
Тој посочи дека Русија останува важен фактор за одлучување во Советот за безбедност на ОН, пренесе РТРС.
„Нашиот предлог до нив е да го поддржат продолжувањето на мисијата АЛТЕА. Нагласив дека нема да го поддржиме доаѓањето на германските војници и дека тоа го гледаме како обид за насилно наметнување политички решенија“, рече Додик.
Тој најави нова средба со Путин.
„Му повторив на претседателот Путин дека оној кој се претставува како висок претставник во БиХ, нема мандат. Веќе во септември имаме нов состанок за да видиме како напредуваат договорените проекти. Изградба на гасовод и две гасни централи е приоритет и нема да дозволиме никакви блокади“, посочи српскиот член на Претседателството.
Додик потврди дека Република Српска нема и не може да се откаже од своите права и додаде дека е посветена на почитување на Уставот и првичниот Дејтонски договор.
„Ние го задржуваме ставот на РС и го бараме она што ни припаѓа според Уставот. Повторив дека БиХ може да опстане само како земја на два ентитета и три конститутивни народи“, посочи Додик.
Тој изјави дека Путин уште еднаш изразил целосна поддршка за Дејтонскиот договор и ја покажал својата принципиелна позиција.
„За разлика од многумина од Западот кои би сакале да го легализираат кршењето на Уставот со лаги и кои со задоволство би го прекршиле Дејтонскиот договор“, изјави Додик.
Додик му се заблагодари на Путин за разбирањето на сложените односи во БиХ.
„Мило ми е што Русија знае дека има искрен пријател во Република Српска и дека никогаш нема да дозволиме да се воведат санкции“, рече Додик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…
Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…
Нуклеарната тријада ќе продолжи да биде гарант…